Понеделник, 11 Декември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Како луѓето се подготвуваат за крајот на светот

Неодамна влеговме во 2012, последна година во календарот на старите Маи, но и на светот. Тоа е барем сценариото во кои некои веруваат, сигурни се дека токму оваа година ќе започне Армагедон, точно онака како што старата цивилизација на Маите стотина години порано го предвидела.

Хистеријата поради наводниот крај на светот е толку голема, што некои купуваат засолништа и се кријат по „магичните“ планини, но има и такви кои сериозно размислуваат за самоубиства.

Оние кои се најмалку загрижени, се изгледа потомците на старите Маи, кои се радуваат на доаѓањето на туристите во нивните краеви.

Популарното верување гласи дека на 21.12.2012 година, апокалипсата предвидена 5.125 години порано, ќе донесе крај на светот. На кој начин точно, не е јасно, но се претпоставува дека ќе не „уништи“ некоја друга планета или ќе не проголта црна дупка. А можеби и двете одеднаш!

Научниците со години повторуваат дека наводниот крај на светот се спомнува само на една плоча на Маите и дека нејзината содржина е отворена за различни интерпретации. Па така, НАСА мораше да отвори и посебна страница на која одговара на прашањата на загрижените граѓани, од кои многу размислуваат и на самоубиство.

„Вчера размислував за тоа да се убијам, да го убијам детето во себе и мојата сакана ќерка од две години, пред 21-ви декември. Не сакам да го доживеам уништувањето на Земјата“, напишала една госпоѓа на страницата на НАСА.

Научниците на таквите писма одговараат со смирен тон, и нагласуваат дека Маите не предвиделе крај на светот, туку станува збор за лоша интерпретација на старите записи.

„На оваа планета и оди сосема добро повеќе од четири милијарди години, а вистинските научници не знаат за било каква закана поврзана со 2012 година. Она што е факт е: календарот на Маите почнува 3.114 години пред Христа и се движи во циклуси од 144 илјади денови (нешто над 394 години). Овие циклуси се викаат „бакуни“, а тринаесеттиот, што е свет број на Маите, завршува токму во 2012 година. Од овој факт се разви целата теорија за крај на светот, како и трендот на филмските хитови кои следат вакви настани“, објаснуваат научниците.

Припадниците на движењето New Age убедени се дека крајот на тринаесеттиот бакун навистина носи промена, но позитивна промена.

Оние кои во целата приказна најмалку се загрижени, се потомците на Маите. Мексико се радува на посетата на 52 милиони туристи кои оваа година, како што се проценува, ќе ги посетат рушевините на храмовите, поттикнати од предвидувањата за Апокалипса. После децениските пропаднати економски одлуки, војните на картелите и другите несреќи кои им се случија, Мексико се надева на добра заработувачка од најавениот крај на светот.