Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Најдобрата дефиниција за Балканот

Балканот е место каде Римјаните ги тепале на Аварите, за потоа Аварите и Словените да ги истепаат на Римјаните, па Словените ги тепале на Келтите и Аварите, па потоа Словените да бидат тепани од страна на Турците и Унгарците, кои се тепале и меѓусебно, за на крај Турците да бидат истепани, а на Словените им преостанало да се тепаат со Унгарците. Тогаш на Унгарците им помогнале Австријците, но Словените ги претепале и им го убиле престолонаследникот. Но, не им било доволно да бидат истепани од Словените само еднаш, па дошле и по втор пат и тоа со Италијанците, Бугарите и Унгарците.

Словените конечно, потпомогнати и од запад и од исток, сите ги истепале, за на крај, кога веќе немало со кого да се тепаат, а и на никој веќе не му било гајле за нив, почнале меѓусебно да се тепаат.