Среда, 21 Ноември 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Кои се најчестите митови за блондинките?

Колку вицови и стереотипи постојат во кои блондинките се во главна улога? Прочитајте како настанале некои од најголемите митови за блондинките.

Блондинките се глупави

Од времето на Мерилин Монро до Парис Хилтон, за блондинките владеат двојни стандарди - дека се многу секси, но не се баш паметни. Меѓутоа, дали тоа навистина е точно? Секако дека не. Напротив, научниците објавиле низа студии на таа тема, наведувајќи дека кога станува збор за природни блондинки ова секако не е точно. Меѓутоа, тие сепак откриле дека хидрогенот кој го користат бојадисаните блондинки  не влијае баш најдобро на мозокот. Сепак, тоа влијание не е поврзано со нивната интелигенција.

Блондинките се посексипилни

Иако важи правилото дека блондинките најдобро се забавуваат и ги привлекуваат најдобрите мажи, научниците велат: „Не е точно“. Верувале или не, тоа се црвенокосите! Затоа, нема потреба да и завидувате на својата другарка блондинка, туку пазете се од црвенокосите.

Природните блондинки се загрозен вид

Ќе признаеме дека ова не е мит. Научниците предвиделе дека природните блондинки ќе исчезнат во наредните 200 години, затоа што „светлиот ген“ речиси никогаш не доминира во однос на темниот. Во повеќето случаи, деца родени од мајка блондинка и татко со темна коса, ги носат гените на таткото.

Мажите повеќе сакаат блондинки

Го знаете ли познатиот мит дека во морето жени мажот ќе одбере блондинка? Статистиката покажува потполно поинакви податоци. Се утврдило дека 70 отсто од мажите се женат со бринети, додека со блондинките само се забавуваат. Ќе речеме дека овој мит е половина точен, бидејќи секој до нас познава многу среќно омажени и вљубени блондинки.

Блондинките се разгалени

Едно британско списание објави студија која открива дека блондинките се разгалени студени кралици кои сакаат се да биде по нивно. Потоа американските списанија го презеле тој текст и митот е роден! Подоцнежните истражувања на оваа тема покажале дека тоа нема врска со бојата на косата.

Луѓето со руса коса се ретки

Хм, па и ова не е баш мит. Кога зборуваме за природните блондинки ова е точно, бидејќи тие сочинуваат 4 отсто од светската популација. Инаку, постои интересен факт за едно племе на Нова Гвинеја, каде што сите имаат потполно руса коса, иако се со темен тен, што ги прави единствена таква групација на светот.

Блондинките изгледаат помладолико

Порано природната боја на косата му помагала на примитивниот човек да ги открие годините и плодноста на жените. Во модерно време кога не се знае дали нечија коса е бојадисана или природна, ќе признаете дека ова по малку е смешно. Сепак, мажите некаде длабоко во себе несвесно имаат порив блондинките (дури и бојадисаните) да ги сметаат за помлади отколку што се.