Вторник, 23 Октомври 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Истанбулскиот воздух оди како алва

Продажбата на конзервираниот „Истанбулски воздух“, по цена од 16 турски лири по парче, ги надмина очекувањата на културната иницијатива Билкент.

Месечно во просек се продаваат по 100 конзерви со фотографии на Истанбул, на кои пишува „Истанбулски воздух“, пренесува турската новинска агенција Анадолија.

Продажбата на „Истанбулскиот воздух“ започна во 2010 година, кога и продажбата на „Истанбулската колекција“ - магнетни пепелници и сепаратори за книги и разгледници.