Среда, 21 Ноември 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Го киднапирале на 5, а го пронашле на 24 години

Ричард Лендерс јуниор имал 5 години кога исчезнал. После 19 години пронајден е во Минесота. Неговото семејство од Индијана по него трага од 1994 година. Бил киднапиран од неговите дедо и баба, и живеел со нив под лажно име.

Американската полиција го потврди случајот и објасни дека Ричард бил пронајден благодарение на бројот на социјално осигурување и датумот на раѓање. Откако детето било киднапирано по неговите баба и дедо била распишана потерница. Но бидејќи до 2008 не ги нашле обвинението било отфрлено.

Во 2012 родителите на Ричард  дошле до нови информации кои полицијата ја насочиле кон Минесота, каде одамна изгубеното дете било конечно најдено. Неговите баба и дедо пред полицијата го откриле вистинскиот идентитет и потврдиле дека Ричард го зеле со нив бидејќи биле загрижени за судбината на детето поради нерешените судски постапки за старателство.

Ричард сега има 24 години и свое семејство бидејќи во меѓувреме се оженил, а неговата мајка Лиза Хартер е „најсреќната жена на светот“ изјавил нејзиниот сегашен сопруг.