Недела, 20 Април 2014

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Секоја случајност е случајна! Или не е?

Судбина, случајност, детерминизам, хаос, слободна волја, право на избор...или само вообичаено и неизбежно поигрување на неговото величество со времето на тркалцата на часовникот и листовите на календарот?

3 x 7 часот и 43 минути

Англиските родители, 31-годишниот полицаец Matt Rigby и неговата сопруга, 26-годишната банкарка Lowry Dairsley од Манчестер, не можеле да поверуваат кога и третото дете им се родило точно во исто време како и двете постари деца. Тие првата ќерка Ellu ја добиле на 10.10.2005 година во 7 часот и 43 минути.

Кога две години подоцна се родила Evie (26.12.2007), во истото време, мислеле дека се работи за неверојатна случајност. А гордиот татко тоа го овековечил со тетоважа на својата рака – Seven Forty Three.

Кога мајката Lowry во четврток (21.1) го раѓала третото дете, малиот Harrison главичката ја покажал во 7 часот и 41 минута: „Ми рекоа да ја почекам наредната контракција и тој излезе точно во 7 часот и 43 минути“. И докторите и бабиците останале без текст. Она што дополнително ја поттикнува имагинацијата е фактот дека нивното прво дете се родило после 41 недела од бременоста, второто после 39 недели, а третото после 37 недели од бременоста.

Велат дека веројатноста нешто вакво да се случи е 300 милиони спрема 1, а среќниот татко одлучил сега да игра лото комбинации кои ги вклучуваат броевите 7, 4 и 3.

А нумерологијата вели, дека било кој час и било која минута кога ќе се родиме – е најдобра добитна комбинација во животот на секој човек!

3 x 24.11

Кога пред една година се запознале Tiara White и Jamal White Sr. во Минесота, САД, не можеле да веруваат дека имаат толку многу заедничко. „Прво не му верував, мораше да ми ја покаже својата возачка и тогаш видовме дека го делиме не само истото презиме, туку и роденденот“, низ смеење изјавила Tiara.

Нивното бебе требало да дојде на свет лани на 19-ти ноември. Но, контракциите започнале на 23-ти и траеле цел ден, за наредното утро на 24.11.2010 година, во 10 часот на свет да дојде малиот Jamal White Jr. , постигнувајќи нешто неверојатно – се родил на ист ден како и неговите родители!

„Тој ни е најдобриот можен подарок“, изјавила воодушевената мајка, а возбудениот татко мисли дека едноставно судбината ги замешала своите прсти.

Пораѓањето било сосема природно, ниту на еден начин не е поттикнато ниту намерно предизвикано за да се роди детето токму на тој датум. Веројатноста три личности да имаат роденден во ист ден, според математичарите, се движи околу 48 милиони спрема еден.

А нумерологијата вели, дека било кој час и било која минута кога ќе се родиме – е најдобра добитна комбинација во животот на секој човек!

8.8.2008 + 9.9.2009 + 10.10.2010

Barbara Soper (36) и Chad Soper (33) од Мичиген, САД, родители се на три деца и никогаш нема да им се случи да ги помешаат датумите на раѓање на своите деца. Кога им се раѓала првата ќерка Chloe Corrin Soper, докторот морал да предизвика контракции и Chloe се родила во планираниот термин на 8.8.2008 година.

Нивното второ дете ги изненадило сите бидејќи било непланирано бебе. Иако датумот за неговото раѓање бил закажан за 20-ти септември 2009 година, докторите на мајката и препорачале да роди малку порано. Породувањето почнало на 8-ми септември, а на малиот Cameron Dan Soper му требале 24 часа за да го здогледа светлото на денот – точно на 9.9.2009 година.

За раѓањето на нивното трето дете помислиле колку би било добро да има комбинација на броевите на раѓање како и сестрата и братот, но бидејќи закажаниот термин бил после 4-ти ноември, тоа едноставно се чинело невозможно. Но, судбината сакала поинаку и три недели порано, на 10.10.2010 година е родена малата Cearaa Nicole Soper.

Среќните родители тврдат дека однапред не размислувале за датумите на раѓање на своите деца.

А нумерологијата вели, дека било кој ден и било кој месец и било која година кога ќе се родиме – се најсреќните моменти во животот на секој човек!

2 x 5.1.2011

Bert Swan (93) и неговата сопруга Doreen (91), на југот од Англија, после 70 години брак се преселиле во старечки дом, бидејќи веќе не биле во состојба сами да се грижат за себе. Живееле во различни оддели, бидејќи Doreen боледувала од деменција, но секогаш кога се сретнувале се поздравувале и се бакнувале во уста. Деновите во старечкиот дом ги поминувале седејќи еден покрај друг и држејќи се за раце.

На почетокот на годината, тој тажен 5.11.2011 година, Doreen починала во старечкиот дом, а нејзиниот сопруг Bert, 11 часа подоцна починал во болницата во Свиндон од инфекција на плуќата, не знаејќи дека неговата сопруга починала неколку часа порано. Лекарите не му кажале. Иако, веруваме дека тој потсвесно и несвесно сепак знаел.

„Верувам во случајност, но верувам и дека во хаосот постои одреден ред“, Фрост.


Можеби ќе ве интересира