Сабота, 25 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Тајван: Црква во форма на женски чевел

Стаклена црква во облик на чевелот на Пепелашка е изградена во Тајван за привлече што поголем број женски верници, пренесува BBC.

Градбата е висока 16 метри и соѕидана од 320 панели сино стакло. Изградбата чинела повеќе од 600.000 долари.

Иако отворањето е закажано за 8 февруари, на кинеската Нова година, црквата во форма на чевел веќе привлекува големо внимание на туристите.

Надлежните наведуваат дека црквата е посветена на локалната девојка Ванг, на која лекарите во 1960 година поради болест морале да и ги ампутираат двете стапала. После тоа Ванг го прекинала контактот со надворешниот свет и остатокот од животот го поминала во црква.

Локалните власти на Тајван не избираат средства за привлекување на што поголем број туристи. Од туристичката организација на југозападното крајбрежје најавиле и градење на забавен парк за возрасни.

Паркот ќе го носи називот „Романтичен булевар“ и ќе биде збогатен со еротски скулптури и други содржина за забава на возрасни лица.