Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


„Проклетството на Ремзи“: Кога и да даде гол, некој славен умира – последен во низата е Боуви

Има ли вистина во сето тоа или е едноставно случајност? Истото прашање си го поставуваат многу луѓе ширум светот за необичната низа од голови на фудбалерот Арон Ремзи.

Се започнало во 2011 година. Приказната се раскажува секогаш кога фудбалерот на Арсенал ќе даде гол, затоа што, наводно, после тоа некоја позната личност го напушта овој свет. Иако нема вистински докази за тоа, некои работи се поклопуваат. Последниот во низата е славниот пејач Дејвид Боуви кој почина од рак. Само два дена претходно Ремзи даде гол на натпреварот против Сандерленд.

Само бабини приказни или има нешто?

Наводно, низата започнала со убиството на водачот на терористичката група Ал Каеда, Осама бин Ладен, а некои одат толку далеку што го поврзуваат и со смртта на шпанскиот спортски новинар Андрес Монтес – и тоа уште во 2009 година. Меѓу личностите кои починале откако Ремзи дал гол се најдоа и Стив Џобс, потоа музичката дива Витни Хјустон, холивудскиот актер Пол Валкер кој загина во страшна несреќа, а на листата е и актерот Робин Вилијамс.

Еве ја и листата која кружи на социјалните мрежи.