Вторник, 21 Август 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Најубавите божиќни приказни

Честопати велиме дека во книгите има нешто магично. И, токму божиќниот период во годината е познат по таа чудесна магија, чувство кое не следи во чекор.

Освен божиќните филмови, песни и колачиња, добро е деновиве да се потсетиме и на најубавите приказни кои можеме да им ги прочитаме на најмалите, но и на возрасните.

Прва на листата е култната приказна „Девојчето со кибритчињата“ на големиот писател кој остави печат речиси во секое детство, Ханс Кристијан Андерсен. Инспирација е за многу филмови, претстави, балети и цртани филмови.

„Девојчето со кибритчињата“  е топла човечка приказна со силна порака, од која можеме многу да научиме.  На најромантичен начин говори за најзагрозениот дел од населението – сиромашните и напуштени деца. Иако темата е тешка и предизвикува тешки чувства, ова е приказна со поука, наменета токму за божиќниот период.

Една од најубавите приказни поврзани со Божиќ е „Божиќна приказна“ на Чарлс Дикенс. Станува збор за Скруџ – скржав и алчен директор на лондонска банка, кој им дава прекувремена работа на вработените. Неговиот внук Фред го моли да го ослободи од работа на Божиќ. Скруџ го пушта, но со услов тој ден да не му биде платен. Откако скржавиот директор ја затвора канцеларијата, му доаѓа духот на неговиот поранешен партнер Марли, кој му говори дека ќе го посетат и други духови: минатото, сегашноста и иднината. Откако духот на иднината ќе му го покаже неговиот гроб и семејството кое се радува на неговата смрт, Скруџ ги исправа своите постапки и оди на прослава на Божиќ кај неговиот внук, носејќи со себе храна и пијалок.  Сите среќно го слават Божиќ.

Големиот американски писател Марк Твен во 1875 година напишал писмо на својата тригодишна ќерка, како да и го испратил Дедо Мраз, кој и вели дека го добил нејзиното писмо и ја теши. Марк Твен го напишал тоа писмо, таа прекрасна приказна, бидејќи неговата ќерка била болна и со тој прекрасен и инспиративен родителски гест направил таа за Божиќ да се чувствува посебна.  А, писмото т.е. приказната предизивикува исти чувства кај секој што ќе ја прочита.