Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Никој не сака да ја купи куќата од филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“

Еден брачен пар од Пенсилванија мака мачи да ја продаде куќата која во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ фигурираше како куќа на убиецот психопат Бафало Бил.

Како што пренесува АП, Скот и Барбара Лојд го ставиле својот дом на продажба минатото лето, намалувајќи ја почетната цена од 300.000 на 250.000 долари.

Куќата минатата година била на второ место по бројот на пребарувања на сајтот Realtor.com, но огласот главно ги привлекувал љубопитните, а речиси ниту еден сериозен купувач.

Во хоророт од 1991 година се појавуваат дневната соба и трпезаријата на куќата, а сцените во кои убиецот ги држеше своите жртви во подрумот се снимени во студио.

Британскиот актер Ентони Хопкинс освои Оскар за улогата на Ханибал Лектор, психијатарот канибал, кој со своите совети и помагаше на ФБИ агентката Клерис Стерлинг да го пронајде и убие Бафало Бил. Џоди Фостер, која ја толкуваше улогата на Стерлинг, исто така освои Оскар.