Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Уметникот Банкси го нацрта Стив Џобс како мигрант

Британскиот уметник Банкси го нацрта Стив Џобс како мигрант од Сирија. Новиот графит со фигурата на основачот на корпорацијата Apple се појави на ѕид од бегалскиот камп во францускиот град Кале, пренесува сајтот Artprice.

Џобс е претставен како мигрант со вреќа преку рамото. Причината за тоа е што Џобс е син на сириски мигрант, а Банкси сакал да покаже дека Apple својот успех му го должи на мигрант од Сирија.

„Најчесто луѓето веруваат дека мигрантите се луѓе кои само трошат ресурси на некоја земја, но Стив Џобс е син на сириски мигрант. Apple сега е најпрофитабилната компанија во светот, а годишно плаќа повеќе од 7 милијарди долари данок. Таа компанија постои исклучиво заради тоа што некогаш примиле момче од Сирија“ – вели уметникот во соопштението.

Во кампот за бегалци Jungles во периферијата на градот Кале живеат околу 7.000 лица.