Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk

Уметност

  • Никој не сака да ја купи куќата од филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“

    Еден брачен пар од Пенсилванија мака мачи да ја продаде куќата која во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ фигурираше како куќа на убиецот психопат Бафало Бил.

  • Најдобрите фотографии од National Geographic за 2015

    Фотографот, Џејмс Смарт од Мелбурн, Австралија со неговата фотографија наречена "Dirt" после 15 дена "бркање" на бурата  е најдобрата фотографија за 2015 на натпреварот за фотографии на „National Geographic“.

  • Уметникот Банкси го нацрта Стив Џобс како мигрант

    Британскиот уметник Банкси го нацрта Стив Џобс како мигрант од Сирија. Новиот графит со фигурата на основачот на корпорацијата Apple се појави на ѕид од бегалскиот камп во францускиот град Кале, пренесува сајтот Artprice.

  • Албанските актери на претстава со транспарент „Остави ме да дишам“

    Актерите од Албанскиот театар во Скопје, по завршувањето на одличната претстава „Затвореникот од 15-ти кат“, излегоа на сцена со транспарент на кој пишуваше „Остави ме да дишам“, објави Тетовасат.

  • Ова е најдобрата фотографија во 2013

    Интернационалното жири на 57-то натпреварување на World Press Photo ја избра фотографијата на африканскиот фотограф Џон Стенмајер за најдобра во 2013 година.

  • Наградени трите најдобри фотографии со мотиви од Скопје

    Првата награда во износ од 50 илјади денари ја додели на Зоран Ефремов за фотографијата „Скопје рано”, а втората награда во износ од 40.000 денари отиде во рацете на Дарко Цветановски, за фотографијата „Сообраќај“.

  • Како овој човек бесцелно да се движи по снегот... (ФОТО)

    Веројатно никогаш не сте слушнале за Сајмон Бек. Но, после ова, сигурно нема да го заборавите ниту него, ниту неговото дело, посебно во овие зимски денови.

  • Вака би изгледал Божиќ на познатите режисери

    Fourgrounds Media објави видео запис кој прикажува како би изгледал Божиќ низ очите на некои од најпознатите филмски режисери.

  • Цртежот на Пикасо продаден за само 100 евра

    Цртежот на Пабло Пикасо, вреден милион долари, вчера еден 25- годишен Американец го купи на онлајн хуманитарната лотарија за само 100 евра.

  • Две слики, 100 милиони долари!

    Двете дела на Енди Ворхол на претстојната аукција во Њујорк би можеле да достигнат цена од 100 милиони долари.

  • Ах, тие 80-ти: Спотови кои променија се

    Во пресрет на овогодишното доделување на MTV наградите за најдобри спотови на годината (MTV VMA), списанието „Rolling Stone“ не враќа во времето на најдобрите музички видео спотови.

    Осумдесеттите беа времето кога  MTV владееше со малите екрани и светот, не само кај тинејџерите, туку и кај сите љубители на музиката, пишува списанието. Тогаш песните се доживуваа како возбудливи екранизации, а музичките спотови беа дел од популарната култура.

    Мини буџет

    Во текот на раните осумдесетти многу музичари сметаа дека ефектот од видео спотовите е краткотраен, па не вложуваа значајни средства во видеото верзиите на своите песни. Спотовите се снимаа за еден ден, главно на една локација, со многу мала екипа собран околу изведувачот.

    Примери: „Goodbye to You“ (Scandal), „Workin' for a Livin“ (Huey Lewis ft. News), „Ain't Even Done with the Night“ (John Cougar), „I Missed Again“ (Phil Collins), „Jump (for My Love)“ (Pointer Sisters), „Start Me Up“ (Rolling Stones)...

    Макси буџет

    За разлика од наведените примери, поединечни ѕвезди веднаш ја сфатија моќта на спотовите, а работа на престиж стана видеото кое чини милион долари. Дјуран Дјуран снимаше спотови во тогаш егзотичната Шри Ланка, Мадона трошеше пари на атмосфера од култни филмови од дваесеттите години. Сепак, над сите се издигна Мајкл Џексон со незаборавниот хорор спот, краткиот филм за хитот „Трилер“.

    Примери: „Hungry Like The Wolf“ (Duran Duran), „Express Yourself“ (Madonna), „Sledgehammer“ (Peter Gabriel)...

    Мода

    Осумдесеттите се години кога не дивееше само музиката, туку и боите. Спотовите беа вистински полигон за шарените комбинации на облеката, но и други трендови. Подобри отколку некои реклами, спотовите имаа моќ да продадат бројни модни детали. Оливија Њутн-Џон промовираше грејачи за нозе, Бананарама работеше на промоција на лак за коса, а Синди Лопер тогаш носеше неверојатно големи обетки.

    Примери: „Cool It Now“ (New Edition), „Physical“ (Olivia Newton-John), „Cruel Summer“ (Bananarama), „She Bop“ (Cyndi Lauper)...

    Политика

    Додека некои се грижеа за модни, други ги следеа политичките трендови. Или, подобро кажано, предизвикаа нови. „Џенезис“ ги остави сите без текст со спотот со бизарни кукли на Роналд Реган, Михаил Горбачов...

    Примери: „Land of Confusion“ (Genesis), „It's The End Of The World As We Know It“ (R.E.M.)...

    Жестоки девојки

    Иако рокенролот беше доминантна машка култура, на почетокот на осумдесеттите почнаа да се појавуваат и жестоки рокенрол девојки. Џоан Џет извикуваше дека го сака рокенролот, Пет Бенатар од љубовта направи „бојно поле“.

    Примери: „I Love Rock 'n' Roll“ (Joan Jett), „Love is a Battlefield“ (Pat Benatar), „The Damned“ (Wendy O. Williams)...

    Безбеден секс

    Со растот на бројот на заболени од СИДА, растеше и бројот на музичари кои промовираа секс со заштита и други методи на превентива. Џенет Џексон пееше за тоа дека би било паметно да „почекаме уште малку“, а Џермејн Стјуарт тврдеше дека „не мораме да ја соблечеме облеката“. Меѓутоа, најголемата „ХИВ химна“ стана песната која воопшто не говореше за тој вирус. Обработката на песната „That's What Friends Are For“ не се симнуваше од малите екрани, а со емитувањето на спотот ширум светот се собраа 3 милиони долари кои отидоа во хуманитарни цели.

    Примери: „Let's Wait a While“ (Janet Jackson), „We Don't Have to Take Our Clothes Off“ (Jermaine Stewart), „That's What Friends Are For“ (Dionne Warwick and Friends)...

    Хитови за плажа, спотови на плажа

    Жешките лета во 80-те беа уште пожешки со спотовите снимени на плажа. Елтон Џон и Мадона, некогаш добри другари, а денес завојувани страни, имаа свое внимание на вредни моменти под сонце, додека Дјуран Дјуран ја избра надалеку познатата плажа на Рио де Жанеиро.

    Примери: „If This Is It“ (Huey Lewis and the News), „Rio“ (Duran Duran), „I'm Still Standing“ (Elton John), „Cherish“ (Madonna)...

    Црно-бела рапсодија

    Постоеше многу едноставен начин за сосема обичниот спот снимен во текот на осумдесеттите да го украсите со уметничка аура – да го снимите во црно-бела верзија. Така, А-ха и Брајан Адамс внесоа малку уметничко во своите спотови.

    Примери: „Every Breath You Take“ (Police), „Boys of Summer“ (Don Henley), „Summer of '69“ (Bryan Adams), „Take On Me“ (A-ha)...

    Големи филмски хитови

    Ако имате добра песна, имате и добар филм, а најдоброто што можете да го направите е да снимите спот за песна со сцени од тој филм. Танцувачката химна од филмот „Флешденс“ тоа одлично го покажува, Принц исто така ја совлада таа лекција неколку пати, како и многу други музичари.

    Примери: „Danger Zone“ / „Footloose“ (Kenny Loggins), „Against All Odds“ (Take a Look at Me Now)" (Phil Collins), „Let's Go Crazy“ (Prince), „Maniac“ (Michael Sembello), „Old Time Rock and Roll“ (Bob Seger)...

    Кој е вашиот омилен спот од осумдесеттите години на минатиот век?

  • Крајот на светот е главна тема во Холивуд

    Апокалипсата на светот во Холивуд ова лето, бидејќи повеќето филмови од скапите акциони авантури до независни комедии се занимаваат со апокалипсата, инвазија на вонземјани и чудовишта од вселената.

  • 25 интересни филмови кои (веројатно) не сте ги гледале

    Листа од 25 филмови кои заслужуваат да потрошат дел од вашето ценето време. Се надеваме дека овие филмови ќе ве заинтригираат и ќе им дадете шанса барем на некои од овие одлични наслови.

  • Видео: Рамнотежата на пердувот

    Инспирација за краткиот филм „Рамнотежа“ е Мадир Огстер, артист во “Rigolo Swiss Nouveau Cirque”, кој изведува неверојатен подвиг на балансирање пердув што се наоѓа на низа закривени стапови направени од листови од палма. Режисерот на филмот, Тобиас Хуцлер, кој се интересира за привремени скулптури, се запознава со Огстер и двајцата одлучуваат да снимат филм базиран на перформансот.

  • Видео: За неколку секунди од девојка до старица со скокање на трамбулина (18+)

    Уметникот Мајкл Хаусман на своите модели им дал инструкција да скокаат на трамбулина и ги снимил со камера која бележи две илјади слики во секунда. Потоа, снимката ја монтирал на тој начин што моделите постојано остануваат на едно место, додека нивните мускули и кожа се движат. Другото го направило гравитацијата, со резултати што делуваат како „инстант стареење“.

1 / 8