Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


„Златна бубамара“ за трајни вредности за маестро Џамбазов

Игор Џамбазов на сцена во стилот на големиот Френк Синатра, ја преработи и препеа на македонски јазик познатата песна „My way“. Македонскиот шоумен пред присутните пееше за својот живот,  за маките низ кои помина, за луѓето околу себе, за пријателите...

 

 

Публиката на нозе со громогласен аплауз го поздравија човекот кој е икона во нашето современо општество.

Eве кои се годинешните добитници на статуетките на „Златна бубамара“:

Трајни вредности – Игор Џамбазов

Награда за животно дело – дуетот Селимова – Желчески

Најпопуларна ТВ серија – 5 + Фамилија – ОХО продукција

Театарска претстава – Мајсторот и Маргарита

Актерка на годината – Тања Кочовска

Актер – Петар Мирчевски

Млад актер на годината – Жарко Димоски Театар Комедија

Најпопуларна  балканска вокална група – Фрајле

Група на годината – ДНК

Пејачка на годината – Тамара Тодевска

Албум – Тамара Тодевска

Концерт – Тамара Тодевска

ТВ забавна емисија – Неделно попладне – Томато

ТВ емисија на годината – Зевзекманија ТВ Канал 5

Трајни музички вредности – Ван Гог