Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Засекогаш во нашите срца: Денеска би полнел 35 години

Нашата музичка легенда Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, а денеска би наполнил 35 години.

Тоше кариерата ја започна кога имаше 10 години, а на 15 настапи на престижниот музички фестивал „Макфест“.

Освен со музика, се занимаваше и со хуманитарна работа и беше амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, а за своите хумани дела во 2002 година го прими признанието Мајка Тереза.

За жал, неговиот живот згасна во сообраќајната несреќа која се случи на 16 октомври 2007 година на автопатот А3, на пат кон Загреб.

Тоше објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот, „Игри без граници“, беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт го одржа на Градскиот стадион  на 5 октомври 2007.