Петок, 21 Септември 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Принцот Чарлс проговори за кралското бебе

Кралското семејство не дава речиси никакви информации во врска со приновата. Но, принцот Чарлс одлучи да направи мала отстапка и да открие неколку ситници.

Во интервју за Би-Би-Си, откри дека се чувствува по малку старо сега кога на свет доаѓа првиот внук, но сеедно е воодушевен со фактот дека ќе стане дедо. Принцот ја потенцира и важноста од зелена околина: „Многу е важно каков свет им оставаме на внуците, затоа мораме да внимаваме да не ја упропастиме. Мораме да делуваме во склад со природата, а не против неа“.

„Потполно се согласуваме и се радуваме на бебето, кое би требало да се роди во јули“, додава принцот Чарлс.

Иако Кејт Мидлтон е многу добра во чување тајни, неодамна откри дека чека девојче. Војвотката на една прослава доби плишено меченце и се заблагодари со зборовите: „Благодарам, ќе го земам мечето за својата ќ....“, а потоа застана.

Кралското семејство пак тврди дека ниту среќното семејство се уште не го знае полот на детето. Нас не ни преостанува ништо друго освен да го дочекаме летото и големата прослава, без оглед на полот на детето.