Понеделник, 11 Декември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Катерина Ивановска во нова акција, го ќари поранешниот дечко на Каролина Гочева

Топ моделката и една од најубавите Македонки, Катерина Ивановска, во нова акција. Овој пат не се работи за тепачка. Весникот Вест пренесува дека таа го ќарила поранешниот дечко на поп-ѕвездата Каролина Гочева. Вест пишува дека Ивановска е во врска со Јован Пановски, скопски бизнисмен, син на веледрогеријата Пановски. Според нивни извори таа била замината на одмор со Пановски на грчкиот остров Миконос.

„Јован и Катарина се другари, уште од деца, но ние навиваме да бидат заедно“ - рекле за весникот блиски пријатели на двајцата.

Катерина Ивановска, ќе ја видиме наредниот месец на филмското платно на премиерата на Трето полувреме.