Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Тајната активност на Џорџ Мајкл: Донирал милиони долари во хумантирани цели

По смртта на поп пејачот Џорџ Мајкл, медиумите пишуваа за многу скандали од неговиот живот, но не и за неговите големи добри дела.

Пејачот оставил милиони долари на хуманитарни организации кои помагаат на деца заболени од рак и сида.

Ви ги претставуваме најхуманите дела на Џорџ Мајкл:

Подарил 18.000 долари за вештачко оплодување на жена која не ја познавал

Во ТВ шоуото на водителот Ричард осман, „Deal Or No Deal“, гостувала жена која сакала да собере 18.000 долари за вештачко оплодување. Мајкл случајно го гледал шоуто и наредниот ден и ги уплатил парите.

Основал организација која се бори за правата на децата со хендикеп

Мајкл Џорџ бил оснивач на организацијата која нуди неповратни средства на лицата со хендикеп и на децата со посебни потреби.

Работел во прифатилиште за бездомници

Пејачот волонтирал во засолништа за бездомници и барал од вработените во тие институции на никој да не говорат за неговите дела.

Донирал милиони долари на сервисот Childline

Основачката на Childline, телефонскиот сервис кој е на располагање на децата во Британија 24 часа дневно и на кој можат да се јават сите помлади од 19 години кои имаат било каков проблем, откри дека Мајкл сите пари заработени од хитот „Jesus To A Child“ ги дал на таа организација.

„Ни даде милиони долари и не сакаше тоа да го спомнеме во јавноста. Планиравме наредната година, во чест на 30-годишнината од нашето основање, да направиме голем концерт во негова чест и да му се заблагодариме во името на стотици илјада деца на кои им помогна“, изјави Естер Ранцен.

Дал илјада бесплатни билети на вработените во болница во Австрија

Џорџ Мајкл испратил 1.000 бесплатни билети за концерт на вработените во болницата во Виена, во која е лекуван од воспаление на белите дробови во 2011 година.

„Би сакал да се заблагодарам на сите лекари и сестри кои ми го спасија животот и на сите мои фанови за љубовта и поддршката“, изјавил тогаш.

Ја подарил заработката од „Don’t Let the Sun Go Down on Me“ на детска хуманитарна организација и на фондација за борба против сида

Песната која ја сними со Елтон Џон беше на врвот на топ листата во Велика Британија и САД. Џорџ Мајкл целокупната заработка ја донирал на лондонската организација за борба против сида „ Lighthouse“ и на хуманитарната организација за помош на децата „Rainbow Trust“.