Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Почина актерот Бата Живоиновиќ

Легендарниот српски актер Велимир Бата Живоиновиќ почина синоќа во 22.45 часот во белградската болница „Свети Сава“, јавија српските медиуми.

Бата Живоиновиќ во 2012 година преживеа мозочен удар, а кон крајот на април годинава здравствената состојба нагло му се влошила и итно бил хоспитализиран.

Роден е на 5 јуни 1933 година во Кораќица, село близу Космај.

Зад себе има бројни филмски и театарски улоги. Неговото прво филмско деби е во 1955 година во „Песна од Колубара, а негова најпозната е улогата на Валтер во филмот „Валтер го брани Сараево“.