Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Почина актерот Драган Николиќ

Славниот срспки актер Драган Николиќ почина утрово по долго и тешко боледување, во 72-та година од животот.

Роден е на 20 август 1943 година во Белград, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности. 

Негова прва голема улога се смета онаа на Џими Барк, филм кој од страна на филмските критичари е прогласуван за еден од трите најдобри на овие простори. 

Голема популарност му донесе улогата на Прле во филмовите и телевизиските серии „Отпишаните“ (1974) и Враќање на отпишаните (1976). 

Главни и споредни улоги играл во над 80 филмови и во голем број театарски претстави во „Атеље 212“ и „Звездара“.