Четврток, 24 Мај 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Не сакаат да бидат Американци, сакаат пари

Бројот на Американци кои се откажале од своето државјанство, според најновите статистички податоци, достигнал рекордно ниво.

Всушност, 1.788 лица официјално се откажале од државјанството на САД во 2011 година, што е повеќе од 2007, 2008 и 2009 година заедно.

Американската даночна управа (IRS) од 1998 година води евиденција за граѓаните на САД кои се откажале од државјанството, а минатата година бројот на луѓето кои на државата и „дале отказ“ бил најголем досега.

Експертите сметаат дека бројот на Американците кои ќе се откажат од државјанството наскоро ќе биде уште поголем, доколку вашингтонската администрација продолжи со политиката на обемно оданочување на своите државјани кои живеат во странство.

САД се единствената држава од 34 земји членки на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) која ги оданочува своите граѓани, без оглед на тоа на која точка од планетата живеат.

Според сегашните важечки закони, од секој државјанин на САД, без разлика каде живее, се очекува на владата во Вашингтон да испраќа центи од секој заработен долар.

Со оглед на тоа дека во САД последните години се зголемија даноците за богатите Американци кои живеат надвор од државата, голем број од нив доброволно се откажуваат од предностите и заштитата која ја носи американското државјанство, за да го задржат своето богатство.