Среда, 21 Ноември 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Австрија ги менува навредливите називи на јадењата

Австриското Здружение на угостители бара забрана на називите на поединечни јадења, кои според мислењето на членовите на оваа здружение се навредливи и дискриминирачки.

Здружението смета дека е крајно време да се променат називите како што се „Negerbrot“ (црнечки леб; вид на чоколадо со кикирики), „Zigeuneurschnitzel“(циганска шницла) и други.

Италијанскиот специјалитет „Spaghetti alla puttanesca“(шпагети на куварски начин), исто така, би морал да го промени името.

Членовите на здружението признаваат дека тие називи се дел од традицијата, но истакнуваат дека  тие денес се неприфатливи. „Наша работа е да ги угостиме луѓето и  затоа мора да покажеме пример“, објаснил претставник на здружението за списанието „Tiroler tagecajtung“.

Имињата на јадењата би биле заменети со нивен опис па така „циганската шницла“ би била претставена како „шницла со сос  од пипер“.

Предлогот на австриските угостители доби поддршка од организацијата SOS Mitmenš, која промовира интеграција и еднаквост и која потсетува дека „дискриминацијата не може да биде предмет на потсмев, дури и тогаш кога е последица на случајност или традиција“.

Претседателот на Здружението на тиролска гастрономија, смета дека расправата отишла предалеку.

„Тоа се само традиционални јадења“, нагласува тој.