Понеделник, 22 Октомври 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Отворена новата американска амбасада во Лондон која чини чини една милијарда долари

Денеска беше отворена новата американска амбасада во Лондон, која што претседателот Доналд Трамп минатата недела ја критикуваше како премногу скапа и на лоша локација. Амбасадата чини една милијарда долари, пари собрани од продажба на американски владини недвижнини во Лондон.

Истата е отворена во поранешната индустриска населба „Најн Елмс“ во јужен Лондон и ја заменува амбасадата на плоштадот Гросвенор, која што функционираше неколку децении. Таа зграда е продадена на владата на Катар, која планира да ја претвори во хотел.

Американските власти известија дека унапредување на безбедноста на старата зграда би чинело стотици милиони долари. На отворањето на амбасадата немаше формална церемонија.