Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Трамп: Ќе ги задржам санкциите кон Русија уште некој период

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за The Wall Street Journal најави дека е спремен да ги укине санкциите против Русија доколку Москва е подготвена на соработка во важните прашања за САД, и порача дека нема да го почитува принципот на „една Кина“, доколку Пекинг не се согласи на отстапки во курсната и трговската политика.

– Доколку се согласуваме и доколку Русија навистина ни помага, зошто некој би вовел санкции ако некој навистина прави добри работи – изјави Трамп во интервју за „Вол стрит журнал“.

Трамп рече дека можеби ќе ги повлече санкциите кои администрација на Барак Обама ги воведе поради наводните сајбер напади, доколку Москва покаже дека е од помош во борбата со тероризмот и достигнувањето на целите важни за Вашингтон.

Новоизбраниот американски претседател наведе дека е подготвен за состанок со рускиот претседател Владимир Путин по неговото инаугурирање на 20 јануари.