Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Како се прославуваше Новата година, во Сиднеј огномет во чест на Дејвид Боуви и Принц

Светот ја пречека Новата 2017 година со спектакуларни огномети и ја испрати старата 2016 година, исполнета со крвави напади и смрт на легендарни ѕвезди од шоубизнисот.

Австралијанците во Сиднеј 2017 година ја дочекаа Новата година со спектакуларен огномет, а честа му беше одадена на починатите музички ѕвезди Дејвид Бови и Принц. Спектакуларниот огномет беше пренесуван во живо на телевизија и преку социјалните мрежи, а го следеа, според претпоставка, повеќе од милијарда луѓе ширум светот.

Околу еден милион лица ја пречекаа Новата 2017 година на Тајмс сквер во Њујорк и го набљудуваа спуштањето на гигантската сфера под дожд од конфети.

Ниските температури во Париз не спречија десетици илјади луѓе да го исполнат парискиот бувелар „Шанзелизе“ и да уживаат во огнометот кај Триумфалната порта.

Од безбедносни причини различни влезови на булеварот беа блокирани со бетонски блокови. Околу сто илјади полицајци во цела Франција беа ангажирани за новогодишната ноќ.

Откако Биг-бен отчука 12 часот по полноќ, Лондон беше осветлен од огнометот покрај реката Темза, кој траеше 12 минити. Во британскиот главен град свиреа песни на неодамна починатите британски поп икони Боуви и Џорџ Мајкл, како и на американскиот изведувач Принс.

Над два милиони лица ја дочекаа 2017 година на плажата Копакабана во Рио де Женеиро. Туристите и локалните жители уживаа во фестивалот од звуци, вклучувајќи го ритамот на популарните школи за самба.