Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Убиени 39 луѓе во ноќен клуб во Турција на новогодишна забава (Видео)

Напаѓач облечен како „Дедо Мраз“ уби  најмалку 39 луѓе, а 70 се ранети во ноќен клуб во Истанбул еден час после поноќ по локално време. Информациите се дека 16 од убиените се странци. Гардиен пишува дека е убиен и напаѓачот.

Според Гардиен вооружениот напаѓач облечен како „Дедо Мраз“ најверојатно бил Арап и целата комуникација ја правел на арапски јазик. Турските власти нападот го окарактеризираа како терористички, а на интернет се појавија и снимки од напаѓачот „Дедо Мраз“.