Сабота, 01 Ноември 2014

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Оланд ќе го тужи таблоидот кој ја објави неговата љубовна афера

Францускиот претседател Франсоа Оланд размислува да покрене тужба против списанието „Closer“ кое објави дека тој има афера со актерката Џули Гает.

Оланд го осудува ваквиот вид на објавување како „напад на правото на приватност кое тој, како и секој друг граѓанин го има“, го пренесува агенцијата АФП соопштението на Оланд. Меѓутоа, во соопштението, како што пренесуваат агенциите, таа афера не се демантира.

Списанието „Closer“ соопшти денеска на својот сајт дека Оланд има афера со Гает, со ветување дека тоа тврдење ќе го поткрепи со фотографии во своето печатено издание, во кое има и седум страници за аферата на 59-годишниот претседател. Списанието најави и специјално издание за оваа љубовна афера под наслов „Франсоа Оланд и Жили Гает – тајната љубов на претседателот“.

„Closer“ наведува дека Оланд редовно вози низ Париз со својот скутер за ноќта да ја помине со 41-годишната актерка.

„Околу новогодишната ноќ, шефот на државата со кацига на главата и се придружи на актерката во нејзиниот стан, каде што стекна навика да ја поминува ноќта“, пишува таблоидот на сајтот, поставувајќи замаглена фотографија која би требало да го претставува Оланд.

Гает, која се појави во една од рекламните кампањи на Оланд во пресрет на изборите во 2012 година, поднесе тужба во март минатата година поради гласините за нејзината афера со претседателот, што според неа, е кршење на правото на приватност.

Таа има две деца и е истакната филмска актерка, со повеќе од 50 филмски остварувања.

Оланд сега официјално живее со новинарката Валери Тривајлер.

Речиси 30 години беше во брак со Сеголен Ројал, француската политичарка која во 2007 година му беше противкандидат на Саркози. Набргу откако изгуби на тие избори од Саркози, беше обелоденето дека нејзиниот сопруг е во романтична врска со новинарката Валери.


Можеби ќе ве интересира