Вторник, 23 Октомври 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Кој има проблем со сексуалноста - Георгиевски или Петров?

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски за неделникот „Фокус“ изјави дека со Тодор Петров во 1993 година живееле во иста зграда и често во станот на Петров разговарале за неговите амандмани. Но, проблемот настанал кога претседателот на Светскиот македонски конгрес почнал да го пречекува во неговиот дом полугол  замотан само во крпа.

„Проблемот почна кога на тие консултации почна да ме дочекува гол како Прометеј, со само една крпа на појасот, со образложение дека штотуку се истуширал. Тоа се случи едно три пати. Мислам дека уште тогаш на Тодор Петров му дадов јасно на значење кои се разликите меѓу Александар Македонски и Тодор Александров “,вели лидерот на ВМРО-Народна во интервјуто за неделникот „Фокус“.

На ова денеска реагираше Тодор Петров со соопштение.

„Тодор Петров го дочекувал гол како Прометеј, со само една крпа на појасот, со образложение дека штотуку се истуширал. И замислете, тоа се случило дури трипати?! На толку се сеќава... Дури и дал до знаење кои се разликите меѓу Александар Македонски и Тодор Александров. Која нискост и перверзија. Наместо да се скрие, да го нема, човекот јава на апокалипсата за да ги снема, тој  и тие околу него, оти освен за предавства и сплеткарења за ништо друго не ги бива.

Патем, каде се случило господине Георгиевски таа емотивна голотија? Кај мене дома? Ами ако првиот пат не ви се допаднало оти седам до вас гол, што мајка баравте дури трипати да доаѓате на голо? А, ако навистина тоа се случило, кај кого е емотивниот проблем, кај тој што бил гол дома, или кај оној што одел кај голиот, дури најмалку трипати, кај него дома? И, и кажа на Снешка како изгледам гол? А, ја праша дали и таа доаѓаше кај мене на голо? А да не, не е во прашање мојата емотивност, туку вашата сексуалност? Скраја да е, Љубчо Георгевски никогаш не бил кај мене дома, никогаш! Која одвратност од човек кој, за жал, беше и ќе остане за навек само една голема маскота на туѓи и други центри за демонтажа на Македонија!“, наведува во соопштението Тодор Петров и додава дека „голотиите најверојатно ќе ги решава судот“.