Среда, 20 Јуни 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Во Собранието утре се очекува ратификација на добрососедскиот договор со Бугарија

Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Петков, утре во Собранието ќе ги претстави програмата и приоритетите за работа на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ, а се очекува и ратификација на добросеседскиот договор.

На седницата на Комисијата за европски прашања која ја води Артан Груби, свои излагања освен Иван Петков, ќе имаат и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.