Понеделник, 22 Октомври 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


БЕСА поделена, на Касами не му било дозволено да влезе во седиштетот на партијата

Лидерот на партијата БЕСА, Билал Касами синоќа во МВР пријавил дека не можел да влезе во седиштето на партијата во Мавровка. Касами пријавил во полиција дека три часа бил спречен да влезе во просториите на партијата од страна на членови на обезбедување, кои тој не ги познавал.

Засега од партијата која во Собранието дејствува како опозиција не соопштуваат што се случува во БЕСА, ниту пак било какво соопштение е испратено до медиумите.

Скандалите во БЕСА настанаа вчера по два паралелни состаноци. На првиот состанок во Скопје беше разрешен Касами, а за в.д. беше поставен Неџбедин Каремани, додека состанокот во Тетово  го предводел самиот Касами. Скопското крило тврди дека е носител на партијата бидејќи ги има печатите, а има и мнозинство од 67 од 106-те члена на Централниот совет на партијата. Тетовското крило пак, тврди дека состанокот во Скопје е нелигитмен и дека тие се законски претставници на движењето.

Неџбедин Каремани, Африм Гаши и Реџеп Мемеди кои го предводат скопското крило по вчерашниот раскол на партијата засега ќе останат да дејствуваат како опозиција во парламентот, тврдат извори од партијата.