Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Богоевски: Груевски во март потрошил 184.000 денари од парите на граѓаните за роаминг

Пратеникот од коалицијата на СДСМ, Павле Богоевски, на денешната конститутивната седница на Собранието рече дека  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се уште го користи премиерскиот телефон, иако повеќе од една година не е премиер.

„До мене стигна сметка на телефонот на Груевски, односно неговиот службен премиерски телефон. Од службениот премиерски телефон кој што го плаќа владата на Македонија, во период од 1 март до 1 април 2017 година Груевски направил сметка од 184.000 денари за роаминг.  Тоа значи дека државата ги плаќа координациите на Груевски од Малта за циркусот што го правите овде“, рече Богоевски.