Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Собранието денеска ќе ја продолжи конститутивната седница

За денеска во 12 часот е закажано продолжението на конститутивната седница во Собранието, на која на дневен ред се преостанатите две точки изгласување на комисијата за избори и именувања и нов претседател на Собранието.

На дневен ред е и изборот на нов спикер на Парламентот. Од ДУИ предходно информираа дека нивни предлог е Талат Џафери. Официјално, од СДСМ се уште не се изјасниле дали ќе застанат зад оваа кандидатура, а од БЕСА најавија дека ќе излезат со свој кандидат.

Од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат кој ќе биде нивниот кандидат за претседател на Собранието.

Единствено Илија Димовски, откако беше постигнат договор за комисијата, изјави дека ќе бидат разгледувани еден, два, три, десет или сто предлози за претседател на Собранието иако најмногу може да се предложи шест кандидати.