Среда, 21 Ноември 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


На избори ќе гласаме со отпечаток од прст?

Се воведуваат нови правила за гласање на изборите. Наместо со спреј, ќе се гласа со отпечаток од прст.

„Граѓаните на изборите со гласачкото ливче ќе треба да оставаат отпечаток од прст за да се отстранат какви било манипулации при гласањето“, пишува „Дневник“.

Освен тоа, се зголемува цензусот од 2 на 25 проценти од пријавени гласачи при избор на пратеник од дијаспората, поголемиот дел од Дебар од Шестата се префрла во Петтата изборна единица и во време на изборна кампања освен министрите и пратениците сега и градоначалниците не ќе смеат да сечат ленти или да поставуваат камен-темелници.

Повикувајќи се на извори од Министерството за правда, весникот пишува дека некои од новините на Изборниот законик се подготвени од работната група при Министерството, по препорака на ОБСЕ и ОДИХР и Венецијанската комисија.