Понеделник, 22 Октомври 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Учениците незадоволството од екстерното тестирање го искажуваат преку писма

Незадоволни, повредени, оштетени од првите тестирања учениците реагираат со писма во кои го искажуваат својот револт. Еве како една средношколка се обрати со писмо до порталот Факултети.мк

„...Прво не можам да сфатам на која основа можат да не тестираат по некој стручен предмет за кој немаме книги. Професорите со сите сили ни вадат материјали според некоја програма и ни праќаат лекции на електронска пошта за да научиме.

Да, баш фино од нивна страна. За предавањата немам зборови, се што е доволно за моја возраст ми е кажано. Ученик сум во СМУГС Д-р Панче Караѓозов, смер фармација, втора година. Бев тестирана по предметот фармакологија. Свесна бев дека ќе има прашања што прв пат ги гледам како и обично, ама што да правиш мораш да отидеш.

Кога го видов тестот прво се прашав дали е ова тест по математика, фармакогнозија или технологија, а најмалку па фармакологија. Ми дале 3/4 задачи во кои се бара вадење на проценти за кои побарав лист да ги решам, надгледувачката вика ‘не смееме да ви дадеме листови да решавате’. Извини ама јас имам дигитрон мозок да знам да пресметувам проценти на памет во себе? Ма ,ајде ти се молам.

Второ 40 % од прашањата беа надвор од темата, како на пример ми дале болест и ми напишале 10 лекови и да подредам по кој редослед да му ги давам на пациентот. Јас доктор ли сум? или пак дете од втора година. Друга забелешка е дека прашањата беа испомешани за втора и трета година, не само по мојот предмет кој бев тестирана туку по сите.

Понатаму; Како може со еден тест да не оценат. Професорите преку цела година со сите сили се мачат по 4- 5 пати не испрашуваат ни дозволуваат да поправаме, изработуваме проектни, присуството на час, активност и се останато се зема во предвид при изведувањето на крајната оценка. Можеби некој ученик се изјаснува подобро усно.

Која е целта на ова екстерно тестирање? Страшно сме разочарани.. Со ова како „демек“ подобро за учениците, ама ништо не се постигнува. Не известуваат во среда, кои предмети ќе ги полагаме, а ние полагаме во понеделник... Што попрво да правам, да си ги поправам оцените кои ми се во дневник или да учам за екстерно тестирање? Срамота! Наместо да дојде некој да не посоветува за што да се спремаме барем 2 -3 недели пред тестирањето и на кое ниво ќе се одвива, ништо од тоа. Разочарани, изреволтирани и агресивни! Така се чувствуваат денес основците и средношколците.

Со почит,