Вторник, 21 Август 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Притвор за уапсените во Ликвидација

Истражен судија им одреди притвор по 30 дена на сите од групата која полицијата ја осомничи дека влијаела да излезат лица од притвор и дека го откриле идентитетот на заштитениот сведок во досието „Ореше“.

По испрашувањето кое траело до 1 часот по полноќ  во притвор се пренесени новинарот Томислав Кежаровски, адвокатите Валентин Зафиров и Сашо Лазаров, јавниот обвинител Ивица Ефремов, судијата Иле Танев, лицата Јане Павловски Тица и Сабедин Џини Хофман, а поранешниот судија Борис Николовски е пренесен во домашен притвор со оглед на возраста од 72 години.

Новинарот Кежаровски е осомничен дека го открил идентитетот на сведокот во случајот „Ореше“ со ликвидацијата на старецот Лазо Милошевски. Адвокатите тврдат дека не постојат докази дека некој некому платил за да има кривично дело поткуп.

Сите осомничени зборувале пред истражниот судија и тврделе дека ниту примале пари, ниту влијаеле да се укинуваат мерки притвор во случаите за кои полицијата ги товари.