Четврток, 24 Мај 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Денеска гласаат затворениците, болните и раселените лица

Синоќа на полноќ заврши изборната кампања за вториот круг на локалните избори и започна изборниот молк.

Денеска гласаат затворениците, болните и внатрешно раселените лица. Право на глас имаат вкупно 988 затвореници и 73 раселени лица.

Втор круг од локалните избори утре ќе се спроведе во 29 општини и Градот Скопје на 1.614 избирачки места со регистрирани 1.103.175 гласачи. Гласањето ќе започне во 7:00 часот наутро и ќе заврши во 19:00 часот.

Утре ќе се гласа во следниве општини: Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Брвеница, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кочани, Куманово, Лозово, Могила, Ресен Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чешиново-Облешево и во Градот Скопје.

Во Струмица ќе се прегласува на три избирачки места, а во Долнени на едно.