Вторник, 23 Октомври 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Старите пасоши од денеска само за по дома

Со старите пасоши од денеска нема да може да се напушти државата. Стапува на сила новиот Закон за лични документи и во исто време старите лични карти и пасоши престануваат со важност.

Биометриски документи до денеска немаат околу 100.000 лица. Од МВР информираат дека нема да има казни за оние кои што досега не ги промениле документите.

 

Старите возачки дозволи ќе важат до 1 октомври оваа година. Официјалните податоци на министерството покажуваат дека досега биле извадени еден милион и 400 илјади биометриски лични карти и педесетина илјади повеќе пасоши.