Понеделник, 22 Октомври 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Ховит: Приклучувањето на Македонија во ЕУ е од интерес и на Грција

Денешниот статус кво не е задоволувачки. Приклучувањето на земјата во ЕУ е во интерес на Велика Британија, на целата Европска унија и на Грција. Преговорите иницирани од ОН се во тек и решението на спорот за името не е во надлежност на ЕУ, но Европа, сепак, има одговорност да бара од двете страни постигнување компромис - вели британскиот европратеник и известувач за Македонија, Ричард Ховит во интервју за „Дојче Веле“ на македонски јазик.

Европскиот парламент поддржува што побрзо приклучување на Македонија кон ЕУ,  посочи Ховит. Тој во извештајот за напредокот на земјата за 2011 година побара конкретен датум за почеток на пристапните преговори.

Европскиот парламент по извештајот на Ховит поврзан за напредокот на Македонија, се очекува да дебатира кон средината на март оваа година.