Вторник, 21 Август 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Заев и Ципрас ќе се сретнат во Давос

По новата рунда разговори за името меѓу Македонија и Грција, со посредство на медијаторот Метју Нимиц, првата директна средба меѓу двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрасво, ќе се одржи во среда во Давос, Швајцарија.

На средбата ќе се разговара за имињата ставени на маса за решение на спорот, како и текот на работите што треба да ги направат работните групи, предводени од министрите за надворешни работи.

Имињата кои се споменуваат во грчките и во домашните медиуми се Горна Македонија, Нова Македонија, Северна Македонија, Вардарска Македонија, Република Македонија во заграда Скопје, но сите да се читаат на македонски, а напишани на латиница.