Вторник, 21 Август 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Крстот во Скопје по петти пат во рацете на Даниел од Ченто

Крстот кој поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан го положи, од водите на Вардар по петти пат го извади Даниел Дончевски од скопската населба Ченто. Во водите на реката Вардар во Скопје скокнаа 154 верници по светиот крст од мостот Слобода.

„Го фаќам крстот по петти пат и сфаќам дека ова не е случајно. Крстот го фаќам секоја парна година и секогаш ми носи среќа“, изјави денеска Дончевски, кој посака многу здравје и среќа за сите верници.

Даниел првпат го фатил крстот на 17 годишна возраст, во 2007-ма година, кога скокал во Кратово.