Понеделник, 22 Октомври 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Чавков, Дурловски, Илиевски остануваат во притвор – одлучи Апелација

Апелациониот суд ги отфрли жалбите на осомничените за 27 април и го прифати барањето на Вишото Јавно обвинителство во истражниот затвор Шутка да останат Митко Чавков, Игор Дурловски, Богдан Илиевски, Оливер Поповски, Горан Ѓошев, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов и Илија Славески.


Иако Вишото Јавно обивнителство се откажа од мерката притвор за актерот Владо Јовановски и од Апелација побара мерката притвор да му биде заменета со куќен притвор, Апелација го отфрли барањето со што Јовановски останува во Шутка. Апелациските треба да донесат одлука и по жалбата на претеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Сашо Василевски. Иако денеска од судот побарале од затворот Шутка да го донесат пратеникот на јавна седница, тој одбил. Во негово име пред судиите, укинување на притворот побара неговиот адвокат Александар Новаковки.