Вторник, 21 Август 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Паричката кај Заев паднала кај Господ, кај Шилегов најсреќен бил неговиот син, додека кај Иванов во домот

Денеска во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје се одржа литургија по повод големиот празник Рождество Христово – Божик, со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.

Помеѓу прустните на литургијата беа и претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, како и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

По завршувањето на литургијата претседателот Иванов посака да бидеме сплотени, единствени и солидарни во текот на целата година како што сме за време на празниците.

Тој кажа дека синоќа паричката кај нив паднала во домот.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов порача оваа година сите да работат на подобрување на квалитеот на животот на луѓето и посака 2018 година да биде година кога политички ќе се стабилизира земјата.

Тој кажа дека паричката од бадниковото лепче во нивното семејство паднала кај неговиот син.

Премиерот на Македонија, Зоран Заев божиќните празници ги поминува со неговото семејство во Струмица, а паричката од бадниковата погача паднала кај Господ. Тој денеска присуствуваше на божикна литургија во манастирот Свети Леонтиј во Водоча.

Овој празник потсетува да се подготвиме, да направиме место во нашите срца, да го исполниме со радост и љубов, зашто радоста е темел на духовниот живот. Христос се роди, напиша Заев на  Фејсбук профилот.