Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ си реплицират сами со себе

Во тензија со реплики и контрареплики од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, најмногу кон таканаречената тиранска платформа, се одвиваше денешната конститутивната седница на Собранието. На тоа одговори Џеват Адеми од ДУИ, кој го праша Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, од кога му пречи албанската платформа која не постои.

Од кога колега Милошоски ви пречи т.н. платформа од Тирана која не постои. После 29-ти? Ни пред 29-ти не постоеше, како што не постои ни после 29-ти. Албанците во Македонија имаат легална, легитимна, демократска политичка елита и немаат потреба од инструкции, немаат потреба од наметнати „документи“ и немаат потреба да бидат ничии аргати за други цели – рече Адеми.

Во меѓувреме 20 пратеници поднесоа предлог за кандидат за претседател на Собранието на Република Македонија да биде Талат Џафери. Пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов рече дека реплицирањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сами на себе е кршење на деловникот и дека ако тоа продолжи ќе се случи колабирање на системот.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го црпат правото за дебатирање од демократијата.

Покрај Милошовски се јавија за реплики сите пратеници на ДПМНЕ освен Груевски, кој утрово ја напуштил Македонија и отпатувал за Малта на конгрес на Европската народна партија, иако дел од медиумите напишаа дека тој не е поканет туку Емил Димитриев.

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски побара седницата да продолжи и по 18 часот, но Вељаноски не се согласи да ја продолжи седницата и нејзино продолжување закажа за утре во 12 часот.

На конститутивната седница на Собранието се расправа за избор на претседател, заменик-претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.