Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Прекината координацијата на партиите, средбата продолжува утре

Координативната средба на партиите кај екс претседателот на Собранието е прекината, а нејзиното продолжение е закажано за утре во 12:00 часот.

Денеска претставниците на политичките партии успеаја да се договорат околу составот на Собраниската комисија за избори и именувања. Според договореното, во Комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест пратеници, СДСМ пет, а ДУИ и БЕСА по еден.

На координацијата треба да се предложи и претседател на новото Собрание, а потоа Вељаноски да закаже продолжување на конститутивната седница каде ќе биде избран претседател од парламентарното мнозинство.