Вторник, 21 Август 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Вицепремиерот Пешевски физички го нападна Саше Политико (Видео)

Денеска околу 14 часот и 15 минути вицепремиерот Владимир Пешевски го нападна со боксеви Саше Политико откако овој пред гостилницата „Пастел“ го праша Пешевски што мисли за идејата за јавниот обвинител од договорот во Пржино, јави НОВА.

Сведок на настанот била новинарката Биљана Секуловска, која со граѓанскиот активист Славчо Димитров пиела кафе во „Пастел“, а таму бил и вицепремиерот Пешевски.

„Автомобилот на Пешевски му беше паркиран на улицата, а Саше тргна по него да го снима и да му постави прашање. Го праша, цитирам, „Дали сте вознемирен од тоа што се најави специјален јавен обвинител за прислушкуваните материјали во кои сте и вие“, беше прашањето на Саше Политико до Пешевски кој во тоа време исто така седеше во „Пастел“. На тоа Пешевски наместо одговор му удри пар тупаници или шамарки на Саше, од она што видов. А ние снимавме со Славчо со мобилен“, вели Секуловска.