Петок, 21 Септември 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Полициска акција: Уапсени 25 вработени во Основен суд Скопје 1

Дваесет и пет лица од Основниот суд Скопје 1 – оддел за прекршоци, од кои 13 судии, изутрината се приведени поради несовесно работење во службата, со што го оштетиле Буџетот на Република Македонија за околу 68.000.000,00 денари.

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи – оддел за организиран криминал, донесе наредба за спроведување на истражна постапка против осомничените – 13 судии, а останатите се судски службеници.

- Сомнението е дека во текот на 2010 година до нив биле доставени предмети Барања за поведување на прекршочна постапка, кои биле земени во работа во текот на 2012 и 2013 година. По предметите биле донесени пресуди со определени парични казни, а не биле доставени на извршување, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Во Основното јавно обвинителство Скопје продолжува истражната постапка против 25-те осомничени со цел утврдување на сите факти и докази во предметот.