Среда, 21 Ноември 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Кај 25 пациенти потврдена епидемија на мали сипаници

Епидемија на мали сипаници е прогласена во Скопје. Лабораториските анализи потврдиле дека се работи за морбили кај 25 лица, од кои само еден бил вакциниран.

Половина од нив се на возраст од 25 до 40 години,  а останатите се деца до 4 години. Оваа заразна болест потешко ја прележуваат возрасните предупредуваат лекарите.Кај заболените  комисијата за заразни болести како превентивна мерка засега ќе спроведе вонредна вакцинација.

Досега велат лекарите се хоспитализирани 22 случаи. Повеќето се од рурални подрачја. Лабораториските анализи за нови четири случаи денеска се чекаат за да се утврди дали и кај нив се работи за морбили.