Петок, 21 Септември 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Измислена смрт за лустраторот Томе Аџиев

Во Битола денеска се појавиле голем број плакати, со информации дека претседателот на Комисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев починал.

Додека битолчани се прашувале која била причината за наводната смрт, Аџиев со неговите пријатели спокојно пиел кафе во градската чаршија. Првиот лустратор не сакаше да ја коментира веста со наводната негова смрт.

Подоцна  плакатите за неговата смрт биле отстранети а  од полицијата засега не сакаат да коментираат кој ја измислил информацијата дека Томе Аџиев починал, но рекоа дека истрагата е во тек.