Вторник, 23 Октомври 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Ахмети: Разликите во коалицијата не се толку големи за да има „бомбардирања“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети,  во интервју за Радио Слободна Европа вели дека во владината коалиција секогаш не тече мед и млеко, но дека разликите и проблемите не се со радикална природа.

„Во коалицијата има разлики, но нема проблеми, нема судири од радикална природа. Разлики има, има различни идеи за кои се дискутира, за коишто има дијалог, за да се постигнат најдобрите решенија. Има дебати, несогласувања, разлики, но тие не се во таа големина за да се стисне копчето за да се бомбардира со ракети „Патриот“, значи бомбардирања во коалицијата нема да има“, вели Ахмети.

Тој истакнува дека со своите дипломатски активности нема за цел да ги оштети сограѓаните Македонци, туку да и помогне на Македонија да се најде на заслужената агенда на светските сили.

„Јас не сум за тоа да се бараат виновниците, јас сум за тоа да се бараат решенија, мислам дека најмалку потребно во оваа ситуација е да си фрлиме еден на друг „томахавки“. Јас не бев некој оптимист дека во декември ќе добиеме датум за почнување на преговори, но максимално се залагавме ние да влеземе во агендата, со тоа што прашањето за името да се постави на маса, за да се најде решение. Да создаваме пријателска и добра клима внатре во земјата и во регионот и јас не очекувам шестиот самит на Брисел да го има истиот одговор кој што сега го доби Македонија на петтиот самит. За мене е бесмислено петте препораки коишто се направени и одлуките за сите пет се негативни. Ова не е добро за политичките партии, не е добро ниту за граѓаните на Македонија, но најмалку е добро за Брисел, ставајќи се во таква ситуација како главен град на Европа од каде што се промовира мирот, дијалогот“, вели Ахмети.