Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Почнува фестивалот за критичка култура - КРИК

Со проекција на документарниот германски филм „Аустерлиц“ на Сергеј Лозница, вечер, во Кинотеката на Македонија, почнува Фестивалот за критичка култура – КРИК.

Првото издание на Фестивалот е посветено на човековите права. Од 18 до 20 ноември ќе бидат прикажани три филма и ќе се одржи презентација на книгата на Бојан Бабиќ „Што значи да се биде странец?“ во издание на  Готен. Селектор на КРИК е хрватскиот филозоф и публицист Петар Милат.

Фестивалот за критичка култура го организира Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики, во рамки на проектот Проширено естетско образование.