Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Заев и странските служби во Вевчани

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пристигна во Вевчани со комбето на странските служби. Ова е една од маските на годинешниот Вевчанскиот карневал. Останатите највпечатливи маски се професорката Тања Каракамишева, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со тимот, тајната фабрика за лични карти и милитантната терористичка организација Вевчански – ИСИС.

Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои олицетворение на злото и двајцата глупи Августи кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар.

Би-Би-Си минатата година Вевчанскиот го прогласи за најдобриот пагански карневал во светот.